ТУРА ПРЕКУ СЛИВА
Здружението на љубители на ридско-планински активности, рокенрол и добра чашка заедно со Oпштина Прилеп ја организираат велосипедската планинска тура наречена „Тура преку Слива“, која се одржува првиот викенд во месец октомври.
Целта на оваа еднодневна велосипедска тура е промоција на Селечка Планина, нејзините убавини и можностите кои ги нуди за популаризирање и развој на планинскиот велосипедизам, како и посета на Кралската гробница Старо Бонче кај месноста Павла Чука, како најголема туристичка атракција.
Турата е долга 60 километри, стартува од центарот на градот, а ги опфаќа селата Волкосело, Чумово, превојот Слива познат како Порта Мариовска (1110 м.н.в.), Бонче, Подмол и Штавица. Турата се вози 6 часа, со одмори и паузи, а завршува со заедничка дружба на сите учесници.
Чувството да се биде дел од „Преку Слива“ е неверојатно, тоа е еден спој со природата, мир и спокој кој нема да го почувствувте на ниту едно друго место. Колку сте на повисоко, толку е помирно.