МАРИОВО - ВЕЛОСИПЕДСКИ МАРАТОН
АДРЕНАЛИН!!! СТРАСТ!!! АВАНТУРА!!!
Ова се трите збора што го опишуваат нашиот маратон. Мариово е неисцрпна инспирација кога се работи за планинскиот велосипедизам. Токму затоа го избравме овој регион за организирање на велосипедски настан којште се одржува секоја година во последниот викенд во Мај.
АСФАЛТ!!! ОФ-РОУД!!! РЕКИ!!! КАРПИ!!! СИНГЛ ТРАК!!!
Ваквиот терен не привлече во Мариово.
Нашата цел е запознавање на нашата татковина преку организирање на велосипедски тури во најмалку познатите краеви, како Мариово. Целта е да се однесат луѓето што е можно подалеку од градот за да ја запознаат Македонија, и себе самите, од друг аспект. Најнепознатиот терен во Македонија им го правиме поблизок. Мариово е најретко населениот регион во Европаи е одличен терен за запознавање на предел досега познат само за малкумина.
Целиот настан ги вклучува и двата дена од викендот. Во сабота се поставува камп кадешто престојуваат и се дружат велосипедистите. Тоа е одлична можност да поминат повеќе време на отворено.
ПОВЕЛЕТЕ ВО НЕПОЗНАТОТО МАРИОВО!!!
Повеќе инфо на: http://www.veloevropa.mk/