Добре дојдовте на страниците на Туристичко - информативниот водич на Прилеп, градот во кој ќе бидете срдечно пречекани од неговите гостопримливи жители. Тука ќе најдете информации за најзначајните карактеристики и знаменитости за повеќевековното потоење на Прилеп.

<<  Март 2024  >>
 Понеделник  Вторник  Среда  Четврток  Петок  Сабота  Недела 
      1  2  3
  4  5  6  7  8  910
11121314151617
18192021222324
25262728293031

algasan

ДЕНОВИ НА КРАЛИ МАРКО

МАНИФЕСТАЦИИ

denovi krali markoМеѓу настаните кои претставуваат традиционални културни обележја на градот се и Деновите на Крали Марко кои се одржуваат во периодот од 15 до 17 мај  со што се одбележува годишнината од загинувањето на Крали Марко. Деновите го промовираат Прилеп како град каде што живеел легендарниот крал Марко, место што е неодминлива дестинација на туристите во нашата држава со богата културна понуда. Манифестацијата се одржува во подножјето на Марковите кули на единствени локации како Црквата „Св. Никола“, Манастирот „Св. Архангел Михаил“, Мултимедијалното плато во Варош и опфаќа повеќе настани, етно концерти, концерти на класична музика, промоции, изложби. Деновите на Крали Марко успешно ја презентираат македонска култура и уметност на овие простори.