<<  Март 2024  >>
 Понеделник  Вторник  Среда  Четврток  Петок  Сабота  Недела 
      1  2  3
  4  5  6  7  8  910
11121314151617
18192021222324
25262728293031

algasan

ADVENTURE NEXT BALKANS

adventure

Од 9 до 12 мај во Охрид се одржа Балканска конференција заактивен туризам, која ја организираше светската организација за авантуристички туризам ATTA – Adventure Travel Trade Association во соработка со Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот на Република Македонија.

Општина Прилеп како партнер на Adventure Next Balkans имаше единствена можност  да се претстави пред 300 тур оператори, медиски и маркетинг професионалци, кои ја искористија приликата да го прикажат импактот од активниот туризам и да ја подигнат свеста за потенцијалите на регионот како еден од скриените во Европа.

АТТА претставува мрежа на дестинации, тур оператори, туристички агенти, сместувачки капацитети и медиуми од целиот свет. Напорите на Општината се да го трансформира Прилеп од дестинација за еднодневни патувања во дестинација која има потенцијал да ги задржи посетителите.

За таа цел подготвен е промотивен материјал за можностите, ресурсите и настаните, кои го вклучуваат активниот туризам, креирано е лого на брендот Прилеп, а во функција е ставена и новата интернет страница www.prilepinfo.mk

Еден бренд во областа на туризмот може да се развие преку одржувана промотивна кампања од висок квалитет, додека стратешкиот маркетинг е од суштинско значење за донесување на нови посетители. Континуираното вложување во подобрување на потребната инфраструктура и професионалните туристички услуги се клучот да се обезбеди повторно доаѓање на посетителите. Нашата работа е насочена кон постигнување на овие цели, а учеството на Аdventure Next Balkans ни даде можност да го искористиме зголемениот интерес за Прилеп и да создадеме една вистински одржлива туристичка индустија.

1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14

Прилеп се пробива на глобалниот пазар како нова возбудлива дестинација за активен туризам, а ние се стремиме кон позиционирање на туристичката карта со цел да допреме до што поголем број на странски и домашни туристи преку различни маркетинг канали, но и преку подобрување на туристичката понуда и услуги.

http://www.adventuretravel.biz/