ЗАЕДНИЧКИ ДОЧЕК НА НОВАТА 2017 НА ПЛОШТАДОТ МЕТОДИЈА АНДОНОВ – ЧЕНТО
Општина Прилеп годинава подготви програма за заеднички дочек на Новата 2017 на плоштадот Методија Андонов – Ченто, која ќе им се допадне на поголемиот број на граѓани и ќе ги измами да излезат и да се забавуваат во оваа најдолга ноќ.
Забавата за најмладите започнува точно на пладне со „Јунаците на бајките“ од Народниот театар Војдан Чернодрински од Прилеп, па тука на нашата публика преку песнички ќе им се претстават Црвенкапа, Волкот, Снешко Белчо, Кунфу Панда и многу други, а се разбира доаѓа и омилениот Дедо Мраз!
Дневната програма ќе продолжи со најпопуларниот македонски бенд НОКАУТ, чии што настап несмее да се пропушти.
Вечерта прилепчани ќе ја дочекаат Новата година во друштво на Белинда и Шило со македонско оро и песна, со варено вино и топло чајче и се разбира огномет.
Додека главна атракција на самата новогодишна ноќ ќе биде спектакуларното шоу на THE MODE – популарното диџејско трио кое доаѓа од светската на прилепската сцена. Спремете се за вистинско уживање.
Ве поканувам да бидете дел од една незаборавна ноќ на плоштадот Методија Андонов – Ченто и ве очекуваме во што поголем број. На сите граѓани на Македонија им ја честитам Новата година и им посакувам добро здравје и убави желби.