<<  August 2021  >>
 Monday  Tuesday  Wednesday  Thursday  Friday  Saturday  Sunday 
        1
  2  3  4  5  6  7  8
  9101112131415
16171819202122
23242526272829
3031     

algasan

ЈАВЕН ПОВИК ЗА РАСПРЕДЕЛБА НА СРЕДСТВА НА ЗДРУЖЕНИЈА НА ГРАЃАНИ И ФОНДАЦИИ

povik

За прибирање на барања за распределба на средства од буџетот на Општина Прилеп за 2017 година, наменети за финансирање на програмски активности на Здруженија на граѓани и фондации во областите од надлежност на општината.
Се повикуваат Здруженијата на граѓани и фондации од областите од надлежност на општината и тоа: спорт и рекреација, култура, социјална заштита и заштита на децата, образование и здравствена заштита, своите барања за распределба на средства од Буџетот на Општина Прилеп за 2017 год. да ги достават до Општина Прилеп во предвидениот рок.
Распределбата на средствата од Буџетот на Општина Прилеп за 2017 година, наменети за финансирање на програмските активности на Здруженијата на граѓани и фондации од областите од надлежност на општината ќе се врши согласно Правилникот за утврдување на критериумите и постапката за доделување на средства од Буџетот на општина Прилеп, донесен од Советот на општина Прилеп и објавен во Службен гласник на Општина Прилеп бр.4 од 03.03.2009.
Средствата се доделуваат еднократно.

Основни критериуми кои треба да ги исполнуваат учесниците на јавниот повик за добивање на средства се:
- Значењето на програмите, проектите или активностите за општината, регионот, Републиката или значење од меѓународен карактер;
- Можноста за афирмација на општината;
- Претходни успеси, добиени награди во општината, регионот, Републиката и меѓународни награди;
- Временскиот период за реализација на активностите;
- Висината на обезбедени сретства од донатори или други извори;
- Успешно реализирани претходни проекти од областа за која се однесува приложениот проект;

Учесниците на јавниот повик кон пријавата треба да ја достават и следната документација:
1. Предлог-Проект;
2. Програма на активности за тековната година;
3. Решение за упис во Централниот регистар согласно Законот за здруженија на граѓани и фондации;
4. Извештај за ефикасното и наменско користење на средствата добиени од Буџетот на Општина Прилеп во минатата фискална година.

Пријавата треба да биде пополнета со печатни букви и на кирилско писмо, потпишана од застапникот на Здружението на граѓани или Фондација и заверена со печат.
Пријавата може да се превземе од следниот линк.
Пријавата со целокупната документација се доставува до Општина Прилеп на адреса “Прилепски бранители” бр.1, 7500 Прилеп преку пошта или преку архивата на Општина Прилеп (се доставуваат во приемното одделение на општината).
На ковертот со пријавата и целокупната документација треба да има назнака – За јавен повик бр. 01/2017 за распределба на средства за финансирање на програмски активности на Здруженија на граѓани и фондации во областите од надлежност на општината.
Датум на објавување на јавниот повик: 10 јануари 2017 год.
Краен рок за доставување на пријавите: 3 февруари 2017 год.
Пријавите со непотполна документација или пристигнати по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.

Општина Прилеп