<<  February 2022  >>
 Monday  Tuesday  Wednesday  Thursday  Friday  Saturday  Sunday 
   1  2  3  4  5  6
  7  8  910111213
14151617181920
21222324252627
28      

algasan

15.10.2016 - 16.10.2016 Extreme Weekend Prilep

extreme weekend

Општина Прилеп во соработка со локалните клубови и здруженија организира викенд за љубителите на екстремен спорт. Настаните ќе се реализираат во сабота и недела (15 и 16 октомври 2016г.) на две локации: Скејт паркот во Прилеп (кај Паркот на Револуцијата) и Мото крос арената ЛАГОВО. Граѓаните на Прилеп ќе можат да гледаат и да се забавуваат со мото крос натпревари, натпревари со теренски возила (т.н. џипови), егзибиции со ролери, скејт, BMX и презентација на вештините на најдобрите паркур спортисти од Р. Македонија.

Програма на екстрим викендот:

САБОТА 15 октомври 2016г.
Локација: Мото крос арена ЛАГОВО.
„FIRST MACEDONIAN TROPHY" OFF ROAD
10:50 часот - Старт на натпреварот
11:00 часот - 1-ви Специјал
12:30 часот - 2-ри Специјал
13:30 часот - 3-ти Специјал
14:30 часот - Пауза и ручек
15:30 часот - Старт на натпреварот
16:00 часот - 4-ти Специјал
17:00 часот - 5-ти Специјал
18:10 часот - Крај на натпреварот

Локација : Скејт парк во Прилеп
SKATE / ROLLER / BMX / PARKOUR
+ DJ GOCE (SAF)
Почеток: 18.00ч

НЕДЕЛА 16 октомври 2016г.
Локација: Мото крос арена ЛАГОВО
STORM RIDERS 2016 -натпревар во мото крос
Почеток: 10.30 ч
„FIRST MACEDONIAN TROPHY" OFF ROAD
10:00 часот - Старт на натпреварот
15:00 часот - Крај на натпреварот 
16:00 часот - Доделување награди 1, 2, 3 место