<<  April 2021  >>
 Monday  Tuesday  Wednesday  Thursday  Friday  Saturday  Sunday 
     1  2  3  4
  5  6  7  8  91011
12131415161718
19202122232425
2627282930  

algasan

МАРИОВСКО - МЕГЛЕНСКИ КУЛТУРНИ СРЕДБИ

29.05.2016 МАНАСТИР СВ. ИЛИЈА С. ВИТОЛИШТЕ

mariovo2016

На 29 мај во манастирот Св. Илија, с. Витолиште во организација на задружението Мариовско-мгленски културни средби и Општина Прилеп ќе се одржат традиционалните Мариовско-мегленски културни средби.

Со овие средби се негува фолклорно и културното наследство на регионите, а на истите присуствуваат повеќе граѓани од Прилеп и Македонија, локалното население, како и учесници во богатата културно-уметничката програма.

Целта и значењето на одржувањето на средбите е зближување на населението од двата региона на Мариово и Меглен, средба на лица кои се исселиле од регионот, како и остварување на културна размена во пошироки рамки.

Во културно –уметничката програма ќе настапат:

КУД Гоце Делчев од Битола

Пејачката група Пенка Котеска од Прилеп

КУД Мирче Ацев од Прилеп заедно со играорна група од Крушево

Фолклорен ансамбл Тикавеш од Кавадарци

Ансамблот на Стевче Стојкоски од Скопје

Учество во програмата ќе земат и дел од Друштвото на писатели на Македонија, кои на претходно објавен конкурс од страна на здружението Мариовско-мегленски културни средби се јавија со свои творби на оваа тема и од страна на стручна комисија беа избрани за награда.

Исто така ќе биде поставена и изложба на народни носии и рачни изработки, карактеристични за тој крај, а дел од нив ќе бидат подарени на манастирот.

Средбата ќе заврши со традиционален заеднички ручек.

Локалната самоуправа обезбедува и организиран бесплатен превоз за граѓаните, кој е ограничен, а тргнувањето е од пред Реклами на булевар во 08.00 часот.

Она што е особено значајно за овие средби е нивниот придонес кон развојот на руралниот туризам и промовирањето на Мариовскиот регион како вонреден потенцијал со придобивките кои ги нуди чистата животна средина.

Во рамките на оваа манифестација, по петти јубилеен пат ќе се одржи и аутдор фестивалот Мариово off road experience, во организација на Велоевропа од Скопје со поддршка на општина Прилеп на кој учествуваат велосипедисти, рекреативци и љубители на престој во природа од целата земја.