За Прилеп Инфо

Форум за авангардна креативност, ФАК, е невладина организација која 11 години работи во областа на културата и уметноста, во насока на промоција на културниот идентитет препознатлив во меѓународни рамки. Мисијата е заштита на културното наследство и подобрување на условите на граѓаните за квалитетен живот со вложување во културата и културниот туризам. Kонстатирајќи го огромното културно-историско богатство на Прилеп и околината, следејќи ги глобалните текови, чии главен акцент е ставен врз културното наследство на народите, дојде до идеја истото да стане достапно за домашната и меѓународната јавност. Така во изминатите неколку години активно работеше на оваа проблематика и имплементираше повеќе проекти од големо значење за градот, насловени како:

„Варош, културна гордост, традиција и ревитализација на комплексот Маркови Кули“
, од кои произлезе:
-Изградба на мултимедијално плато во населбата Варош
-Изградба на туристичката патека Крал Марко
, која ги поврзува околните цркви во населбата Варош
-Изградба на амфитеатар кај карпата „Слон“

Со ова, Форумот за Авангардна Креативност несомнено го постави темелот на развојот на културниот туризам и влез на Прилеп во туристичката карта на Европа.
ФАК во рамките на својата годишна програма ја реализира младинската уметничка колонија Че АРТ , како и фестивалот „Прилепски Заговор“, кој значи реафирмирање на вредностите на џезот, блузот, рок-ен ролот, авангардната сцена и современите музички правци, презентирани од претставници од Македонија.
Оваа организација во соработка со Локалната самоуправа на општина Прилеп, како нејзин постојан партнер, го реализира и проектот „Културен Инфо Центар“ поддржан од Влада на Република Македонија. Проектот предвидува промоција на културниот идентитет, заштита на културното наследство и развој на туризмот во Прилеп.

Prilep, Macedonia
Претежно Облачно
Температура: 18°C
Изгледа Како: 18°C
Влажност: 50%
Брзина: 3 km/h
Правец: 160°
Притисок: N/A
SSE
Прикажи повеќе детали
Овозможено од:
www.weather.com
Local Pollen Reports
Airport Conditions
Lawn and Garden Weather
Rush Hour Traffic
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption