Добре дојдовте на страниците на Туристичко - информативниот водич на Прилеп, градот во кој ќе бидете срдечно пречекани од неговите гостопримливи жители. Тука ќе најдете информации за најзначајните карактеристики и знаменитости за повеќевековното потоење на Прилеп.

<<  Септември 2022  >>
 Понеделник  Вторник  Среда  Четврток  Петок  Сабота  Недела 
     1  2  3  4
  5  6  7  8  91011
12131415161718
19202122232425
2627282930  

algasan

ЗМАЈАРСТВО

hand gliding

Слобoдното летање е возбудливо доживување самото по себе, но кога адреналинот ќе го искомбинираш со воодушевување од убавините на теренот над кој леташ, добиваш незаборавно искуство.

Таква возбудлива комбинација нуди Трескавец. Вкотвена меѓу камените предели на Златоврв на 1.280 метри надморска височина, оваа месностникого не остава рамнодушен, најмногу заради уникатните природни убавини, но и заради мистиката на преданијата поврзани со неа. Секако и заради спокојството и мирот на истоимениот манастирски комплекс, за кој има толку многу да се раскажува.

Од Трескавец се гледа цела Пелагонија, планините Бабуна, Пелистер, Кајмакчалан, а навечер до таму допираат и светлатата од Битола, Прилеп и Крушево. Со други зборови, тоа е совршена дестинација за бегство од цивилизацијата и непречено спојување со природата и духовното.

Одличната инфраструктура и местоположбата прават Трескавец да биде омилена дестинација и за пилотите на змаеви и параглајдери од цела Европа. Веќе години наназад, овој пелагониски регион (вклучувајќи го и стартот на Мечкин Камен во Крушево) е возбудлива летачка арена за оние кои се осмелуваат да летаат заедно со птиците.