Добре дојдовте на страниците на Туристичко - информативниот водич на Прилеп, градот во кој ќе бидете срдечно пречекани од неговите гостопримливи жители. Тука ќе најдете информации за најзначајните карактеристики и знаменитости за повеќевековното потоење на Прилеп.

<<  Мај 2018  >>
 Понеделник  Вторник  Среда  Четврток  Петок  Сабота  Недела 
   1  2  3  4  5  6
  7  8  910111213
14151617181920
21222324252627
28293031   

algasan

ВЕЛОСИПЕДСКА ТУРА - ВКУСОТ НА ПЕЛАГОНИЈА

pelagonija

Не пропуштајте ја можноста да ја видите Македонија!

Осум дена уживање низ македонските национални паркови и езера. Пелагонија е посебен регион во Македонија, кој ќе ви овозможи д ги видите двете најголеми езера, да се качите на најубавите планини и да го почустувате вкусот на македонската храна, вино и историските приказни.

За време на оваа велосипедска тура ќе го посетите Мариово, најретко населен и еколошки најчист регион во Европа со недопрена природа, ќе возите низ два Национални паркови, Пелистер и Галичица, каде попатно ќе вкусите разни шумски плодови, ќе уживате во најубавиот поглед на оваа тура кога од висините на Галичица ќе ги видите двете езера како на дланка.

Возењето покрај Преспанското езеро ќе го зачините со печен крап на зајдисонце во Албанија. Турата вклучува и посета на црквите, како и прошетка низ улиците на најубавиот град на Балканот - Охрид.

А за македонската историја ќе слушнете во Крушево, град чии што куќи се изградени во стилот на старата македонска ахритектура и се наоѓа на надморска височина од 1350 метри.

Влелосипедската маунтбајк тура „Вкусот на Пелагонија“ вклучува 5 дена возење, претежно off road патеки, а делумно по асфалт и може да се класифицира како средно тешка. Дневната километража во просек е 40-50 км. Сместувањето е планирано во приватни гостински куќи, украсени во локален стил, како одраз на автентичноста на овој регион, но и во мали хотели. Што се однесува до храната - ќе бидат обезбедени разновидни локални гастрономски деликатеси за ручек и вечера, како и дегустација на домашно вино и пиво.

Оваа маунтајк тура вклучувапрофесионален водич на велосипедисти за сите 8 дена, 7 полни оброци во хотелско и приватно сместување, туристичка такса, 4 влезници за посета на локални музеи и национални паркови и превоз на патници и велосипеди.

Постои можност за изнајмување на велосипеди и опрема.

Give your website a premium touchup with these free WordPress themes using responsive design, seo friendly designs www.bigtheme.net/wordpress