Добре дојдовте на страниците на Туристичко - информативниот водич на Прилеп, градот во кој ќе бидете срдечно пречекани од неговите гостопримливи жители. Тука ќе најдете информации за најзначајните карактеристики и знаменитости за повеќевековното потоење на Прилеп.

<<  Јули 2020  >>
 Понеделник  Вторник  Среда  Четврток  Петок  Сабота  Недела 
    1  2  3  4  5
  6  7  8  9101112
13141516171819
20212223242526
2728293031  

algasan

ТУРА ПРЕКУ СЛИВА

sliva

Здружението на љубители на ридско-планински активности, рокенрол и добра чашка  заедно со Oпштина Прилеп ја организираат велосипедската планинска тура наречена „Тура преку Слива“, која се одржува првиот викенд во месец октомври.

Целта на оваа еднодневна велосипедска тура е промоција на Селечка Планина, нејзините убавини и можностите кои ги нуди за популаризирање и развој на планинскиот велосипедизам, како и посета на Кралската гробница Старо Бонче кај месноста Павла Чука, како најголема туристичка атракција. 

Турата е долга 60 километри, стартува од центарот на градот, а ги опфаќа селата Волкосело, Чумово, превојот Слива познат како Порта Мариовска (1110 м.н.в.), Бонче, Подмол и Штавица. Турата се вози 6 часа, со одмори и паузи, а завршува со заедничка дружба на сите учесници.

Чувството да се биде дел од „Преку Слива“ е неверојатно, тоа е еден спој со природата, мир и спокој кој нема да го почувствувте на ниту едно друго место. Колку сте на повисоко, толку е помирно.