Добре дојдовте на страниците на Туристичко - информативниот водич на Прилеп, градот во кој ќе бидете срдечно пречекани од неговите гостопримливи жители. Тука ќе најдете информации за најзначајните карактеристики и знаменитости за повеќевековното потоење на Прилеп.

<<  Ноември 2018  >>
 Понеделник  Вторник  Среда  Четврток  Петок  Сабота  Недела 
     1  2  3  4
  5  6  7  8  91011
12131415161718
19202122232425
2627282930  

algasan

PRILEP OPEN - МЕЃУНАРОДЕН ПАРАГЛАЈДИНГ КУП

paraglajding

Параглајдерството како спорт на 21 век, зема значајно место во развојот на активниот туризам во Република Македонија. Прилеп е еден од градовите кои го формираат трилингот на официјални полетувалишта Крушево-Галичица-Трескавец кои се масовно посетени од домашни и странски туристи и каде се одржуваат повеќе од половина официјални натпревари на европско и светско ниво.

„Prilep Open“ е меѓународен параглајдинг натпревар во дисциплина -прецизно слетување, кој се одржува секоја година во месец октомври. Овај спортски настан трае два дена и е предизвик за стотина параглајдеристи од Македонија и од Балканот. Освен натпреварувачките дисциплини, особено атрактивно е  слободното летање и тандем летовите, наменети за сите вљубеници во параглајдеризмот да можат да го остварат сонот да се лета.

Прилеп  ги има најдобрите услови за параглајдинг летови во светот со неколку официјални  места за полетување. Тандем летот од полетувалиштето кај манастирот Трескавец  над карпестиот прилепски регион претставува посебно уживање и со сигурност ќе ви го одземе здивот. Тоа е оддалечено само неколку километри од центарот на градот и е едно од најпосетуваните полетувалишта во регионот. Постојат неколку параглајдинг клубови во градот, каде што може да се набави целосна опрема и професионален водич. Не ја пропуштајте шансата да летате над Прилеп, затоа што овај регион е прекрасна разгледница од Македонија, која вреди да се доживее. 

Give your website a premium touchup with these free WordPress themes using responsive design, seo friendly designs www.bigtheme.net/wordpress