ПО СТАПКИТЕ НА КРАЛИ МАРКО
„По Стапките на Крали Марко” е дводневен настан кој го слави и промовира планинското трчање, а особено планинското трчање на поголеми дистанци.
Одржувањето на овие натпревари е повод за многу спортисти и љубители на активниот туризам да го посетат градот и околината која изобилува со терени идеални за развој на планинското трчање и другите спортови во природа.
Крали Марко Ултра Треил 2016 е прва македонска планинска трка со должина од 90К и 4300D+, сетифицирана од ИТРА и носи 4 квалификациони поени за најпрестижната европска трка Ultra Trail du Mont Blanc - UTMB
Покрај ултра патеката предвидени се и следните патеки:
Прилепско езеро: 31 км со 1250 м вкупна висинска разлика
Трескавец: 16 km со 800 m вкупна висинска разлика
Маркови Кули: детска трка: 3,5 км со 100 м вкупна висинска разлика
Натпреварите за 2016 година ќе се одржат на 24-25 септември.
Здруженито за планинско трчање, алпинизам, експедиции и адреналински активности во планина „ТРЕКС“, планинарското спортско друштво „ПСД Макпетрол“ и Општина Прилеп се носители на активностите за подготовка и организирање на настанот. Секој учесник трча за лично задоволство, за запознавање со нови предели и нови пријатели.
Повеќе на www.kmt.mk