Добре дојдовте на страниците на Туристичко - информативниот водич на Прилеп, градот во кој ќе бидете срдечно пречекани од неговите гостопримливи жители. Тука ќе најдете информации за најзначајните карактеристики и знаменитости за повеќевековното потоење на Прилеп.

<<  Јули 2018  >>
 Понеделник  Вторник  Среда  Четврток  Петок  Сабота  Недела 
        1
  2  3  4  5  6  7  8
  9101112131415
16171819202122
23242526272829
3031     

algasan

ПО СТАПКИТЕ НА КРАЛИ МАРКО

kralimarko trails

„По Стапките на Крали Марко” е дводневен настан кој го слави и промовира планинското трчање, а особено планинското трчање на поголеми дистанци.

Одржувањето на овие натпревари е повод за многу спортисти и љубители на активниот туризам да го посетат градот и околината која изобилува со терени идеални за развој на планинското трчање и другите спортови во природа.

Крали Марко Ултра Треил 2016 е прва македонска планинска трка со должина од 90К и 4300D+, сетифицирана од ИТРА и носи 4 квалификациони поени за најпрестижната европска трка Ultra Trail du Mont Blanc - UTMB 

Покрај ултра патеката предвидени се и следните патеки:

Прилепско езеро: 31 км со 1250 м вкупна висинска разлика

Трескавец: 16 km со 800 m вкупна висинска разлика

Маркови Кули: детска трка: 3,5 км со 100 м вкупна висинска разлика

Натпреварите за 2016 година ќе се одржат на 24-25 септември.

Здруженито за планинско трчање, алпинизам, експедиции и адреналински активности во планина „ТРЕКС“, планинарското спортско друштво „ПСД Макпетрол“ и Општина Прилеп се носители на активностите за подготовка и организирање на настанот. Секој учесник трча за лично задоволство, за запознавање со нови предели и нови пријатели.

Повеќе на www.kmt.mk

Give your website a premium touchup with these free WordPress themes using responsive design, seo friendly designs www.bigtheme.net/wordpress