Добре дојдовте на страниците на Туристичко - информативниот водич на Прилеп, градот во кој ќе бидете срдечно пречекани од неговите гостопримливи жители. Тука ќе најдете информации за најзначајните карактеристики и знаменитости за повеќевековното потоење на Прилеп.

<<  Јули 2018  >>
 Понеделник  Вторник  Среда  Четврток  Петок  Сабота  Недела 
        1
  2  3  4  5  6  7  8
  9101112131415
16171819202122
23242526272829
3031     

algasan

БОЛДЕРИНГ ВО ПРИЛЕП

bolderingБолдерингот, како најпопуларна активност кај младите качувачи во светот, го избра Прилеп за своја територија поради фактот што тука се наоѓаат најуникатните карпи за овој вид спорт во Европа, како по квалитет така и по обем.

Ако воопшто може да се спореди со некое друго вакво место за качување во светот, тоа сигурно би била Синтра во Португалија, Хампи во Индија или Хуеко тенкс во Америка, но, камените блокови околу Прилеп по својот број и квалитетен лендинг ги надминуваат овие места.

Крали Марко болдер собирот се организира секој последен викенд од месец март во организација на скк Златоврв од Прилеп, македонската спортско качувачка федерација и локалната самоуправа. Гостите учесници се сместени во камп специјално организиран за овој настан во подножјето на болдерите на 1,5 км. од градот во правец на вештачкото езеро.

Лесно достапните камени блокови, расфрлани по зелените ливади под Камена Баба, огреани од топлото македонско сонце никого не го остават рамнодушен.

За повеќе информации и запознавање со настанот,посетете не на:http://prilep-bouldering.com.

Give your website a premium touchup with these free WordPress themes using responsive design, seo friendly designs www.bigtheme.net/wordpress