Добре дојдовте на страниците на Туристичко - информативниот водич на Прилеп, градот во кој ќе бидете срдечно пречекани од неговите гостопримливи жители. Тука ќе најдете информации за најзначајните карактеристики и знаменитости за повеќевековното потоење на Прилеп.

<<  Септември 2020  >>
 Понеделник  Вторник  Среда  Четврток  Петок  Сабота  Недела 
   1  2  3  4  5  6
  7  8  910111213
14151617181920
21222324252627
282930    

algasan

СВ. ПРЕОБРАЖЕНИЕ - ЗРЗЕ

ЦРКВИ И МАНАСТИРИ

zrze baner

Комплексот цркви во манастирот Зрзе е составен од црквата „Св. Преображение“ подигната во XIV век и црквата „Св. Петар и Павле“ подигната во XVII век. Концепцијата на основата на целиот црковен комплекс, заедно со темелните ѕидови на јужната страна од црквата „Св. Преображение“ ни даваат за право да тврдиме дека црквите се подигнати врз темелите на ранохристијанска базилика. Првобитната црква е еднокорабна градба засводена со полуобличест свод, на чија западна страна е подигната припрата живописана во 1369 година. Тремот е изграден во времето на подигањето на црквата „Св. Петар и Павле“.

Непосредно над селото Зрзе на мало возвишување, на терен во пад се наоѓа црквата „Св. Никола“. Точниот датум на изградба на црквата не може со сигурност да се потврди, иако се знае дека тоа се случило пред 1459 година. Пред 1535 година во продолжение од северната страна е дограден параклис, а во XVII век и двата простори од западна страна добиле припрата. Црквата е живописана од сликарот Онуфрие во 1535 година, а фрески добиле и олтарниот простор во параклисот и западниот ѕид од црквата од надворешна страна. Меѓу најпознатите сликари во XIV век се наоѓаат браќата Јован Зограф и Јеромонах Макариј кои изработувале икони во манастирот Зрзе. Познато дело на Макариј е Богородица Пелагонитиса.    

1
10
11
12
2
3
4
5
6
7
8
9