Добре дојдовте на страниците на Туристичко - информативниот водич на Прилеп, градот во кој ќе бидете срдечно пречекани од неговите гостопримливи жители. Тука ќе најдете информации за најзначајните карактеристики и знаменитости за повеќевековното потоење на Прилеп.

<<  Ноември 2018  >>
 Понеделник  Вторник  Среда  Четврток  Петок  Сабота  Недела 
     1  2  3  4
  5  6  7  8  91011
12131415161718
19202122232425
2627282930  

algasan

УСПЕНИЕ НА СВ. БОГОРОДИЦА - ТРЕСКАВЕЦ

ЦРКВИ И МАНАСТИРИ

treskavec

Манастирскиот комплекс Трескавец со црквата „Успение на Св.Богородица“ е подигнат врз постаро култно место. Црквата е изградена во XIII век. Подоцна неколку пати манастирскиот комплекс е рушен и обновуван. Во внатрешноста на црквата се наоѓа двокрилна резбарена врата која датира од XVI век и припаѓа на прилепско - слепчанската школа. Живописот во црквата „Успение на Св. Богородица“ во манастирот Трескавец е работен во неколку фази. Најстариот живопис е изработен во периодот помеѓу 1334 и 1343 година. Во овој ансамбл фрески посебно внимание привлекуваат илустрациите од календарот, кој содржи многу интересни иконографски претстави. Стиховната форма на сигнатурите кај овие календарски сцени го зголемува нивното значење, бидејќи таа е редок пример и во самата византиска уметност. Како посебна целина се одделува и живописот во северозападната купола каде е насликана композицијата Небесен двор.

1
2
3
4
5
6

Give your website a premium touchup with these free WordPress themes using responsive design, seo friendly designs www.bigtheme.net/wordpress