СВ. НИКОЛА
ЦРКВИ И МАНАСТИРИ
Црквата „Св. Никола“ во село Манастир во Мариово е изградена врз постар објект, а денешниот облик го добила во 1266 година. Црквата е трокорабна базилика без нартекс, централниот брод е засводен, а страничните бродови се со отворена покривна конструкција. На источната страна корабите завршуваат со апсиди од внатре полукружни, а од надвор тространи. Живописувањето е завршено во 1271 година за време на владеењето на Михајло VIII Палеолог. Долгиот натпис во главниот брод ја објаснува историјата на црквата. Во него стои дека живописувањето е извршено под раководство на Ѓакон Јован, референдар на пресветата архиепископија, кој повикал повеќе истакнати мајстори да ја живописаат оваа црква.