Добре дојдовте на страниците на Туристичко - информативниот водич на Прилеп, градот во кој ќе бидете срдечно пречекани од неговите гостопримливи жители. Тука ќе најдете информации за најзначајните карактеристики и знаменитости за повеќевековното потоење на Прилеп.

<<  Октомври 2020  >>
 Понеделник  Вторник  Среда  Четврток  Петок  Сабота  Недела 
     1  2  3  4
  5  6  7  8  91011
12131415161718
19202122232425
262728293031 

algasan

СВ. ПЕТАР И ПАВЛЕ

ЦРКВИ И МАНАСТИРИ ВО ВАРОШ

petaripavlemeri

Кликни на линкот за 360 степени виртуелна тура

Првиот утврден споменик од црковното градителство на овој терен настанат во времето на турската окупација е црквата Света Богородица Пречиста, која се наоѓа над патот, во подножјето на Маркови Кули. Величината, материјалот и конструкцијата на црквата ги покажуваат сите оние скромности кои ќе бидат карактеристични за црковните градби настанати во текот на турското владеење.Црквата Свети Петар и Павле се наоѓа во источниот дел на населбата Варош. Таа е еднокорабна градба со скромни димензии, нагласена висина и полукружна апсида на источната страна. Градена е од камен и тула со богата керамопластична декорација, што укажува дека црквата најверојатно потекнува од XIV век. Во ѕидовите се вградени антички сполии и керамички украси. Внатрешноста на црквата била целосно живописана, а денес се сочувани само остатоци од првобитниот живопис кој потекнува од XIV век.