Добре дојдовте на страниците на Туристичко - информативниот водич на Прилеп, градот во кој ќе бидете срдечно пречекани од неговите гостопримливи жители. Тука ќе најдете информации за најзначајните карактеристики и знаменитости за повеќевековното потоење на Прилеп.

<<  Април 2018  >>
 Понеделник  Вторник  Среда  Четврток  Петок  Сабота  Недела 
        1
  2  3  4  5  6  7  8
  9101112131415
16171819202122
23242526272829
30      

algasan

СВ. НИКОЛА

ЦРКВИ И МАНАСТИРИ ВО ВАРОШ

svnikolameri

Кликни на линкот за 360 степени виртуелна тура

Црквата Свети Никола се наоѓа во централниот дел на Варош. Таа е еднокорабна градба подигната во последната четвртина на XII век. Влезовите во црквата се наоѓаат на западниот и на северниот ѕид. Долниот дел од црквата е изграден исклучиво од кршен камен и малтер од вар со делови на вметнати мермерни антички сполии и богата керамопластика во горниот дел.

sv nikola varos

Сликарството во црквата Свети Никола е од 1298 година и зазема важно место во историјата на средновековното сликарство со показател на преминот на епохата на Комнените и епохата на Палеолозите. Фрескоживописот во црквата е сочуван скоро во целина.

svnikolameri1