СВ. НИКОЛА
ЦРКВИ И МАНАСТИРИ ВО ВАРОШ
Црквата Свети Никола се наоѓа во централниот дел на Варош. Таа е еднокорабна градба подигната во последната четвртина на XII век. Влезовите во црквата се наоѓаат на западниот и на северниот ѕид. Долниот дел од црквата е изграден исклучиво од кршен камен и малтер од вар со делови на вметнати мермерни антички сполии и богата керамопластика во горниот дел.
Сликарството во црквата Свети Никола е од 1298 година и зазема важно место во историјата на средновековното сликарство со показател на преминот на епохата на Комнените и епохата на Палеолозите. Фрескоживописот во црквата е сочуван скоро во целина.