Добре дојдовте на страниците на Туристичко - информативниот водич на Прилеп, градот во кој ќе бидете срдечно пречекани од неговите гостопримливи жители. Тука ќе најдете информации за најзначајните карактеристики и знаменитости за повеќевековното потоење на Прилеп.

<<  Ноември 2021  >>
 Понеделник  Вторник  Среда  Четврток  Петок  Сабота  Недела 
  1  2  3  4  5  6  7
  8  91011121314
15161718192021
22232425262728
2930     

algasan

СВ. БОГОРОДИЦА ПРЕЧИСТА

ЦРКВИ И МАНАСТИРИ ВО ВАРОШ

bogorodicaprecista

Кликни на линкот за 360 степени виртуелна тура

Црквата Света Богородица Пречиста е еднокорабна градба со полукружна апсида на источната страна, подигната во почетокот на XV век (1416 или 1438), што се гледа од натписот на западниот ѕид над влезот на вратата, од каде дознаваме дека нејзината изградба ја порачале Павле и Радослав, синови на Теодор. Ѕидана е од кршен камен и тули, употребени во два реда во горната половина во црквата. Два пати страдала од пожар поради што нејзините фрески се доста оштетени. Од останатиот живопис во апсидата може да се согледа дека непознатиот зограф ни се претставува со солиден цртеж и богат колорит. Сочуваните сигнатури се испишани на старословенски јазик.

sv bogorodica precista