Добре дојдовте на страниците на Туристичко - информативниот водич на Прилеп, градот во кој ќе бидете срдечно пречекани од неговите гостопримливи жители. Тука ќе најдете информации за најзначајните карактеристики и знаменитости за повеќевековното потоење на Прилеп.

<<  Јуни 2023  >>
 Понеделник  Вторник  Среда  Четврток  Петок  Сабота  Недела 
     1  2  3  4
  5  6  7  8  91011
12131415161718
19202122232425
2627282930  

algasan

СВ. БОГОРОДИЦА ПРЕЧИСТА

ЦРКВИ И МАНАСТИРИ ВО ВАРОШ

sv bogorodica precistaЦрквата Света Богородица Пречиста е еднокорабна градба со полукружна апсида на источната страна, подигната во почетокот на XV век (1416 или 1438), што се гледа од натписот на западниот ѕид над влезот на вратата, од каде дознаваме дека нејзината изградба ја порачале Павле и Радослав, синови на Теодор. Ѕидана е од кршен камен и тули, употребени во два реда во горната половина во црквата. Два пати страдала од пожар поради што нејзините фрески се доста оштетени. Од останатиот живопис во апсидата може да се согледа дека непознатиот зограф ни се претставува со солиден цртеж и богат колорит. Сочуваните сигнатури се испишани на старословенски јазик.