Добре дојдовте на страниците на Туристичко - информативниот водич на Прилеп, градот во кој ќе бидете срдечно пречекани од неговите гостопримливи жители. Тука ќе најдете информации за најзначајните карактеристики и знаменитости за повеќевековното потоење на Прилеп.

<<  Јули 2018  >>
 Понеделник  Вторник  Среда  Четврток  Петок  Сабота  Недела 
        1
  2  3  4  5  6  7  8
  9101112131415
16171819202122
23242526272829
3031     

algasan

СВ. АРХАНГЕЛ МИХАИЛ

ЦРКВИ И МАНАСТИРИ ВО ВАРОШ

sv arhangel mihail varos

Манастирскиот комплекс Свети Архангел Михаил вграден е како орловско гнездо меѓу карпите на југозападната страна на Марковите Кули. Првобитната црква на манастирот се наоѓала под нивото на денешната манастирска црква Свети Архангел Михаил. Таа била еднокорабна црква, од која денес е зачуван само еден мал ѕид во должина исток - запад, врз кој има и фрагмент од фреска на која е претставена ктиторска композиција, доста оштетена. Во врска со оваа црква постојат претпоставки дека потекнува од XII век, дека била ѕидана на два ката и дека била посветена на свети Никола. Најновите истражувања покажуваат дека црквата датира од XII век, а доградена е во XIII и XIV век. Манастирските конаци се подигнати во 1861 г. со прилози на еснафите. На натписот во конаците е одбележано учеството на поедини еснафи во изградбата на конаците. Поради подложноста на  распаѓање, конаците на левата страна на црква се реновирани во 1974 г. По Битката на р. Марица во 1371 г. се насликани и портретите на кралот Марко и неговиот татко Волкашин, кои се наоѓаат лево и десно од влезот на црквата на западната фасада. Во тремот од црквата се зачувани три монолитни антички столба. На еден од нив е вклесан надгробниот натпис на епископот Андреја од 996 г. кој претставува втор по старост словенски запис со кирилски букви.

1
2
3
4
5
6

Give your website a premium touchup with these free WordPress themes using responsive design, seo friendly designs www.bigtheme.net/wordpress