Добре дојдовте на страниците на Туристичко - информативниот водич на Прилеп, градот во кој ќе бидете срдечно пречекани од неговите гостопримливи жители. Тука ќе најдете информации за најзначајните карактеристики и знаменитости за повеќевековното потоење на Прилеп.

<<  Јуни 2019  >>
 Понеделник  Вторник  Среда  Четврток  Петок  Сабота  Недела 
       1  2
  3  4  5  6  7  8  9
10111213141516
17181920212223
24252627282930

algasan

ЗРЗЕ

Археолошки наоѓалишта

zrze baner

Културниот комплекс „Св. Преображение“,  с.Зрзе се наоѓа 35 км северозападно од Прилеп. Со систематските археолошки ископувања 2008 - 2009 година беа откриени остатоци од старохристијански комплекс (трикорабна базилика со нартекс на западната страна, баптистериум со крстообразна писцина, гробишно плато непосредно до олтарната апсида со засводена гробница на агол, атриумски сегмент, гробници, гробови и др.), датиран во времето од IV до VI век, како и делови од средновековна монашка населба (четириесет и осум функционални целини, именувани како испосници, тихувалишта, работилници, комуникациски платоа и сл. како и делови од уште дваесетина други објекти), временски определена во времето од доцниот IX до крајот на XV век. Сето ова укажува дека културната традиција на манастирот се надоврзува со богатата античка традиција.

1
10
11
12
2
3
4
5
6
7
8
9