Добре дојдовте на страниците на Туристичко - информативниот водич на Прилеп, градот во кој ќе бидете срдечно пречекани од неговите гостопримливи жители. Тука ќе најдете информации за најзначајните карактеристики и знаменитости за повеќевековното потоење на Прилеп.

<<  Октомври 2018  >>
 Понеделник  Вторник  Среда  Четврток  Петок  Сабота  Недела 
  1  2  3  4  5  6  7
  8  91011121314
15161718192021
22232425262728
293031    

algasan

ПАВЛА ЧУКА

Археолошки наоѓалишта

pavla cuka baner

Локалитетот „Павла Чука“ во близина на прилепското село Подмол е познат во науката уште од далечната 1936 година, кога за прв пат се вршени ископувања под раководство на Никола Вулиќ. Од 2007 година Институтот за археологија при Филозофскиот факултет – Скопје во соработка со НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Прилеп реализираат систематски археолошки истражувања, кои се во тек. Гробницата била изградена од поголеми камени блокови. Засводениот дромос (влезот во гробницата) е со должина од 11 м, а во висина до 3,15 м. додека комората (централниот внатрешен дел) има димензии 6 х 3,50 м. Гробницата од надворешната страна била опкружена со прстенест ѕид, подигнат исто така од камени блокови во висина од три реда. Оваа монументална и уникатна гробница од македонски тип датирана во IV век од старата ера, во подоцнежниот римски период била почитувана како вакафско место, претпоставка поткрепена врз основа на откриените гробови пред надворешниот ограден ѕид.

2
3
4
5
6
7