Добре дојдовте на страниците на Туристичко - информативниот водич на Прилеп, градот во кој ќе бидете срдечно пречекани од неговите гостопримливи жители. Тука ќе најдете информации за најзначајните карактеристики и знаменитости за повеќевековното потоење на Прилеп.

<<  Јули 2019  >>
 Понеделник  Вторник  Среда  Четврток  Петок  Сабота  Недела 
  1  2  3  4  5  6  7
  8  91011121314
15161718192021
22232425262728
293031    

algasan

МУЗЕЈ НА ТУТУН

МУЗЕИ

muzej na tutun

Од богатиот фонд 2000 собрани и обработени експонати, во Музејот на тутун изложени се 750. Најбројни се лулите. Богатство на мотиви, орнаменти, голем дел од нив се од познати светски производители меѓу кои и оние што биле изложени на светските изложби во Виена и Париз во XVIII и XIX век. Гордост на музејот се и чубурите. Направени од злато, сребро, седефслонова коска и коска од носорог, овие вистински раритети Бурмутниците ги презентираат времињата во кои тутунот се користи како лековито средство, со неизоставниот печат на преовладувачкиот дворски вкус. Впечатливи се оние од ликово дрво, желкина кора и нефрит. Вредноста на експонатите за производство, преработка и уживање на тутун го сместија овој музеј во еден од најубаво опремените на Балканот. Збирката по својот раритет, исклучителност и убавина не ги остава рамнодушни посетителите, потсетувајќи со својата луксузност дека тутунот е феномен на апсурдот. Оваа ретка музејска збирка за среќа не е само привилегија за пушачите и стручњаците, за посетителите е вистински празник за очите.

1
2
3
4

Give your website a premium touchup with these free WordPress themes using responsive design, seo friendly designs www.bigtheme.net/wordpress