Добре дојдовте на страниците на Туристичко - информативниот водич на Прилеп, градот во кој ќе бидете срдечно пречекани од неговите гостопримливи жители. Тука ќе најдете информации за најзначајните карактеристики и знаменитости за повеќевековното потоење на Прилеп.

<<  Ноември 2022  >>
 Понеделник  Вторник  Среда  Четврток  Петок  Сабота  Недела 
   1  2  3  4  5  6
  7  8  910111213
14151617181920
21222324252627
282930    

algasan

МОГИЛА НА НЕПОБЕДЕНИТЕ

СПОМЕН ПАРК

mogila

Спомен паркот на Револуцијата во Прилеп изграден е 1961 година во чест на загинатите борци од НОВ, според проектот на познатиот архитект Богдан Богдановиќ. Спомен паркот на Револуцијата составен е од: Алеја на народните херои со бисти од десетте загинати херои, Цветна алеја, патека која води до Заедничка гробница - крипта. Во едниот дел се подигнати мермерни урни, слични на античките. Најголемата урна со симбол на вечен пламен ја претставува непокорноста на македонскиот народ. Во вториот дел се наоѓа криптата  - заедничката гробница, каде во мермерните плочи се вклесани имињата на паднатите борци, кои го положиле животот за ослободување на Македонија.

1
3
4