СПОМЕН КУЌА БЛАЖЕ КОНЕСКИ
МЕМОРИЈАЛНИ МУЗЕИ
Објектот Спомен дом „Блаже Конески“ во село Небрегово, како значаен споменик на културата, припаѓа на руралната архитектура. Неговата концепција е одраз на времето, просторот и поднебјето во кој е создаден и по сите проценки е изграден кон крајот на XIX век или на почетокот на XX век. Она по што посебно се издвојува оваа куќа е фактот што во неа се родил великанот на македонската книжевност и литература Блаже Конески, чие дело и личност заслужува посебен пиетет. Тој е основоположник на модерниот македонски книжевен јазик, еден од основачите на МАНУ, голем поет, добитник на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата, професор на Филозофскиот факултет во Скопје.