Добре дојдовте на страниците на Туристичко - информативниот водич на Прилеп, градот во кој ќе бидете срдечно пречекани од неговите гостопримливи жители. Тука ќе најдете информации за најзначајните карактеристики и знаменитости за повеќевековното потоење на Прилеп.

<<  Ноември 2021  >>
 Понеделник  Вторник  Среда  Четврток  Петок  Сабота  Недела 
  1  2  3  4  5  6  7
  8  91011121314
15161718192021
22232425262728
2930     

algasan

11ТИ ОКТОМВРИ 1941

МЕМОРИЈАЛНИ МУЗЕИ

ucastak

Меморијалниот музеј „11 Октомври 1941“ се наоѓа во центарот на Прилеп, на улица „Илинденска“ б.б. Зградата во која е сместен музејот е изградена на почетокот на XX век. За време на фашистичката окупација (1941-1944 ) овој објект бил претворен во бугарски полициски Участак во кој била сместена окупаторската полиција. На 11 октомври 1941 година борците од Прилепскиот партизански одред извршиле вооружен напад врз Участакот и врз други објекти во градот, со што започнало вооруженото востание на македонскиот народ против фашистичкиот окупатор. Во ходникот на катот поставени се Указите Повелби на петнаесетте Народни херои од Прилеп, како и бистата од бел мермер на Јосип Броз Тито.

1
2
3
4
5
6