Добре дојдовте на страниците на Туристичко - информативниот водич на Прилеп, градот во кој ќе бидете срдечно пречекани од неговите гостопримливи жители. Тука ќе најдете информации за најзначајните карактеристики и знаменитости за повеќевековното потоење на Прилеп.

<<  Мај 2019  >>
 Понеделник  Вторник  Среда  Четврток  Петок  Сабота  Недела 
    1  2  3  4  5
  6  7  8  9101112
13141516171819
20212223242526
2728293031  

algasan

ГАЛЕРИЈА НА ИКОНИ

МУЗЕИ

galerija ikoni

Оваа галерија е една од најубавите во Македонија. Бројот на презентирани икони е 66 и тие се хронолошки поместени, почнувајќи од XVI и завршувајќи со XIX век. Најстар експонат е фреската со ликот на Архангел Гаврил, пронајдена при археолшките ископувања во манастирот „Св Архангел Михаил“ во Варош. Оваа фреска се датира во средината на XII век и по својата уметничка вредност може да се споредува со ангелите од црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново. Следува иконата Богородица со Христос, единствена ретуширана икона. При нејзиното чистење констатирано е постоење на два слоја. Горниот слој кој потекнува од XVII век и е со ликот на Исус Христос, со конзервација дел по дел е раслоен и поставен на нова дрвена подлога. Под овој слој е откриена постарата икона на Богородица со Христос од XVI век.  Карактеристични се двете икони на Исус Христос и Архангел Михаил, чии ликови имаат ископани очи. Постојат две верзии за честото ископување на очите на светците од иконите во минатото.

Според едната, се верувало дека ископаните очи ако ги однесат дома и ги чуваат како реликвии ќе им донесат здравје, бериќет и друго. Според другата верзија, очите на светците претставени на иконите ги ископувале турските разбојнички банди поради чувство на страв затоа што ги гледаат додека тие ги ограбувале црквите и манастирите. Најубавиот експонат во Галеријата секако е Чинот, подарен од монасите од манастирот во село Зрзе, а кој потекнува од селската црква „Св. Никола“. Чинот е изработен од познатиот иконописец Јеромонах Јован во 1535 годинја. Централна сцена е Деисизот во средината на престол седи Исус Христос, лево и десно од него се Св. Богородица и Св. Јован Крстител и лево и десно од нив во низа се насликани по шест Христови апостоли. Развиената перспектива, како и мошне убавиот инкарнат на боите, придонесуваат Чинот да претставува ремек дело на иконописот од XVI век. Покарактеристична е иконата Св. Христофор или Христоносец, изработена кон крајот на XIX век од непознат мајстор.     

1
2
3
4

Главата на светецот е во суштина кучешка глава. Според една легенда, Исус Христос кога не можел да премине преку надојдената река бил пренесен преку неа од страна на еден воин од блиското канибално племе со кучешки глави.