Добре дојдовте на страниците на Туристичко - информативниот водич на Прилеп, градот во кој ќе бидете срдечно пречекани од неговите гостопримливи жители. Тука ќе најдете информации за најзначајните карактеристики и знаменитости за повеќевековното потоење на Прилеп.

<<  Јуни 2021  >>
 Понеделник  Вторник  Среда  Четврток  Петок  Сабота  Недела 
   1  2  3  4  5  6
  7  8  910111213
14151617181920
21222324252627
282930    

algasan

ПРИЛЕП ЏЕЗ ВИКЕНД

МАНИФЕСТАЦИИ

jazz logo 2015

Фестивалот на пивото е голем настан кој градот Прилеп го промовира како туристичка дестинација за сите добронамерници, место каде се случува најголемата журка во овој период во земјата.  Фестивалот на пивото значи добра забава, ладно пиво и скара, дружење, концерти на популарни музички sвезди на овие простори, огромна посетеност на Фестивалот, гости од сите краишта на Македонија, странски туристи и пивари кои покрај со пивото се претставуваат и со својата култура. Тоа е богатство од различности. Секоја година градот Прилеп е домаќин на 200.000 посетители за четирите фестивалски денови. На изложбен простор од 2.900 м2, на вкупно 22 локации земаат учество повеќе пивари и овластени дистрибутери на пиво, како и ресторани и угостители. За четири дена се пијат околу 120 тони на пиво: Златен даб, Туборг, Скопско пиво, Хајнекен, Амстел, Каменица и др. Културно - забавната програма на Фестивалот се одвива на две сцени, голема и мала бина со естрадни sвезди од рок музиката, народната, поп, транс, ретро ...

Затоа, каде и да сте, во јули повелете на пиво во Прилеп.

линк до официјалната веб страна на фестивалот на пивото

1
2
3
4
5
6
7
8