МАКЕДОНСКИ ТЕАТАРСКИ ФЕСТИВАЛ - ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ
МАНИФЕСТАЦИИ
Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ е конституиран 1965 година на иницијатива на Здружението на драмските уметници од Република Македонија. Фестивалот го носи името на основоположникот на македонската драма - Војдан Чернодрински, драмски автор, актер и режисер. Традиционално секоја година се одржува во градот Прилеп во почетокот на месец јуни. На овој реномиран фестивал континуирано се презентираат најдобрите театарски / драмски остварувања од целокупната македонска театарска продукција, а особено се афирмира македонското драмско творештво, кое ја промовира македонската и прилепската театарска култура воопшто.