Добре дојдовте на страниците на Туристичко - информативниот водич на Прилеп, градот во кој ќе бидете срдечно пречекани од неговите гостопримливи жители. Тука ќе најдете информации за најзначајните карактеристики и знаменитости за повеќевековното потоење на Прилеп.

<<  Октомври 2020  >>
 Понеделник  Вторник  Среда  Четврток  Петок  Сабота  Недела 
     1  2  3  4
  5  6  7  8  91011
12131415161718
19202122232425
262728293031 

algasan

ЛИКОВНА КОЛОНИЈА

МАНИФЕСТАЦИИ

likovna kolonija

Центарот за современа ликовна уметност од Прилеп, своето работење го започна во далечната 1957 година како Прилепска сликарска колонија. Творци на оваа Сликарска колонија која прераснува во интернационална, се д-р Бошко Бабиќ и Ристо Лозаноски. Во 1963 година се проширува дејноста на ЦСЛУ со Интернационалниот скулпторски симпозиум „МЕРМЕР“, во 1971 со Интернационалното студио за пластика во дрво, во 1984 со Интернационалното ателје за скулптура во метал и во 2002 Интернационалното студио за пластика во пластика. Денес сите овие студија работат под заедничко име „Ликовни работилници на ЦСЛУ“, а се одржуваат во летниот период во склоп на Уметничкото лето на Центарот за современа ликовна уметност од Прилеп. Во изминатите 52 години ЦСЛУ го посетија бројни познати имиња од замјава и од светот и на Центарот му подарија голем број на уметнички дела. Многу од овие дела го красат нашиот град и институциите како од нашиот град така и ширум Македонија.

1
2
3
4
5
6
7
8
9