Добре дојдовте на страниците на Туристичко - информативниот водич на Прилеп, градот во кој ќе бидете срдечно пречекани од неговите гостопримливи жители. Тука ќе најдете информации за најзначајните карактеристики и знаменитости за повеќевековното потоење на Прилеп.

<<  Февруари 2021  >>
 Понеделник  Вторник  Среда  Четврток  Петок  Сабота  Недела 
  1  2  3  4  5  6  7
  8  91011121314
15161718192021
22232425262728

algasan

ФЕСТИВАЛ НА ГАЈДИ

МАНИФЕСТАЦИИ

gajdi

Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасоски“ се одржува на автентичен простор во с. Долнени, во близина на Прилеп. Постои од 1974 година, а негов основач е Пеце Атанасоски, најпознатиот македонски гајдаџија и фолклорен педагог, кој, како вљубеник во народното творештво и традицијата, остави зад себе обемни опус и дело, меѓу кое и Фестивалот во Долнени. Единствен е во земјава и на Балканот и главна задача му е да ги сочува од исчезнување древните и драгоцени вештини на свирачите на народни инструменти и пејачите на изворните народни песни. Фестивалот има меѓународен каректер и на него, во изминатите 32 години учествувале околу 9000 инструменталисти и пејачи од нашавта држава и целиот свет.   

1
2
3
4
5
6