Клуб "Mirage"
Следејќи го процесот на трансформација на културните институции во кафеански простор и имајќи ја во предвид потребата од дополнување на просторот за културни настани во Прилеп , club Mirage започнува со работа како културен центар.
Club Mirage стартува со следната програма :
Среда во 20 часот - David Icke ( Видео проекција)
Дејвид Ајк (David Icke), - роден 1952 год.
Англиски писател и говорник, најпознат по неговите ставови и гледишта кон „Она што навистина го контролира светот“.
Поранешен BBC водител и портпарол на „Зелените“ во Англија. Во почетокот на 90-тите години од минатиот век издава низа на книги - „The Robots Rebellion” (1994), „The Biggest Secret“ (1999), „Children of the Matrix“ (2001), во кои прави морална и политичка анализа на тоталитарните, банкарски режими во модерниот западен свет.
Во минатата деценија преку серија на објавени дела, го поставува терминот „Вавилонско братство“ – тајно друштво што го контролира светот. Како членови на ова братство ги вбројува Џорџ Буш-помладиот, кралицата Елизабета, Крис Кристоферсон. Терористичките напади во Оклахома Сити и 11/9 во Њујорк, ги квалификува како типичен пример на настани организирани од „Светската Елита“.
Активно учествува во протестите – „Окупирај го Волстрит“.
„Зад кулисите – I дел“
Дали чекориме кон создавање на единствена тоталитарна држава?
Што е важно, вистинито, а што диригирано?
Што е добронамерно, а што не?
Одговорите на овие прашања ги нуди Дејвид Ајк во емисијата на хрватската телевизија „На работ на науката“.
Во интервјуто што се гледа за помалку од час, а за истото се размислува со денови, Дејвид Ајк прави осврт на моменталните случувања во светот преку демистификација на поимите:
-Тајното друштво
-Централизација на моќта
-Глобализација
-Светска влада и светска војска
-Меѓународна заедница...
....и меѓу останатото нуди одговор на прашањата и дилемите:
- Зошто светот и луѓето постојано се „бомбардирани“ со проблеми, политички кризи, државни удари и нешта што не функционираат?
- Дали економската криза во Европа е природно создадена или наметната?
- Кризите во Египет, Либија и Иран – случајност или добро напишана домашна задача?
- III Светска Војна.
Погледнете го извонредниот документарен филм со Дејвид Ајк!
Четврток 02.02.2012
Изложба Моменти Дарко Талески
Отварање во 19 часот
Петок 03.02.2012
ТБ Трачери Концерт во 22.00 часот
Влезница 100 ден.
|
Prilep, Macedonia
|
|||||||
|
|
||||||
|
SSE
|
||||||
| Прикажи повеќе детали | |||||||
|
|||||||
















