Јунаците од бајките
"Јунаците од бајките" во режија на Петар Димоски е новата претстава за деца што се подготвува во народниот театар "Војдан Чернодрински" во Прилеп. Оваа претстава се поставува по втор пат, по 17 годишна пауза. Според режисерот Димоски се работи за весела претстава со многу песна и игра, еден вид детски мјузикл.
"Калигула"
Народниот тетатар „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, премиерно ја изведе претставата „Калигула“ во режија на Зоја Бузалковска , на својата матична сцена.Новата претстава на прилепскиот театар е работена според текстот на Албер Ками, а Бузалковска во режисерската експликација за постановката вели: „Нашиот Калигула не е луд. Тој е многу понормален од сите околу него. Но е бескрајно очаен. Очаен од светот околу себе, свет во кој трезорот и државната каса се поважни од човечкиот живот, свет на ладен, бесчувствителен грабеж, во кој љубовта е исмеана. Постои само материјалниот интерес, страста за профит и ништо друго. Поради таквата страст гинат луѓе, држави, народи... Човечкиот живот станува безвреден“.


млет" на Драмскиот театар од Скопје освои четири награди на фестивалот на македонскиот театар "Војдан Чернодрински" во Прилеп. Претставата доби Гран при, Дејан Лилиќ е прогласен за најдобар актер, Дејан Пројковски - најдобар режисер, а претставата има и награда за рекламен материјал за Владо Ѓоревски-Рафик.
А ЗА ПРЕДСТАВИ КОЈ ЌЕ УЧЕСТВУВААТ НА ОВОГОДИНЕШНИОТ














