Добре дојдовте на страниците на Туристичко - информативниот водич на Прилеп, градот во кој ќе бидете срдечно пречекани од неговите гостопримливи жители. Тука ќе најдете информации за најзначајните карактеристики и знаменитости за повеќевековното потоење на Прилеп.

<<  Јули 2018  >>
 Понеделник  Вторник  Среда  Четврток  Петок  Сабота  Недела 
        1
  2  3  4  5  6  7  8
  9101112131415
16171819202122
23242526272829
3031     

algasan

ИСТОРИЈА НА ПРИЛЕП

star prilepКолку што е стар човечкиот живот во Пелагонискиот регион, толку е стара и историјата на Прилеп, градот кој е сместен на североисточниот дел на богатата рамнина обдарена со природни услови и богатство за живот. Тука човекот се населил уште од најстари времиња, приспособувајќи ја природата на своите потреби. Прилеп мошне рано станал важен економски, политички и културен центар. Поврзан со голем број природни сообрајќајници низ кои се одвивале живи врски од југ кон север, Прилепскиот крај бил изложен на разни културни и политички влијанија, кои оставиле траги врз неговиот историски развиток. Најстарите траги не водат кон раниот неолит со локалитетот Пештерица, преку среден и доцен неолит со повеќе локалитети како: Чука, Али Чаир, Могила, Бакарно Гумно, се до Бронзена и Железна Епоха од кога потекнуваат откриените некрополи, гробни наоди и орудија.

Името на средновековниот град Прилеп прв пат се споменува во хрониката на Јован Скилица од крајот на 11 век.

Прилеп бил изграден на едно од возвишенијата кај месноста Варош, која е составена од камени грамади со чудесни облици и бои. Денес, на средновековниот локалитет се наоѓаат Марковите Кули, последните остатоци од некогашниот град. Во 10 век, Прилеп изразнал во феудален центар и воден пункт за поширокиот дел од Пелагонија. Тој му послужил на Цар Самоил како засолниште во судбоносните денови од борбата против Византија. Тој тука ги дочекал своите 15.000 војници и скршен од ужасната глетка, умрел во Прилеп на 6 октомври 1014 година. Прилеп останал под византиска власт се до 1334 година. Околу 1350 година со територијата на Прилеп владеел кралот Волкашин, во чие време се одржувале трговски врски со Дубровник. По загинувањето на Волкашин во борба против Турците, го наследил неговиот син, Крали Марко, личност со неизмерна сила и храброст, заштитник на народот, за кого се врзани повеќе легенди и народни песни. На влезот од левата и десната страна на манастирската црква Св. Архангел Михаел зачувани се фрески на кралот Волкашин и Крале Марко.

1
5
Kralimarko Volkasin
Stragata
Pesterica
Markovikuli

Во предтурскиот период, жителите на Прилеп и на околните села претежно се занимавале со земјоделство но и со занаетчиство, тие биле ѕидари, дрводелци, грнчари, ковачи, котлари, шивачи, воденичари и др.

Градот Прилеп потпаднал под турска власт околу 1385/86 година. Турското присуство во Македонија, а со тоа и во Прилеп, во траење нешто повеќе од 5 векови, оставило траги кој што и денес сведочат за тој период. Во средината на 16 век, во еден 1564/65 година е дигната познатата Прилепско - Мариовска буна. Значајни податоци за Прилеп во 17 век оставиле турските патописци Хаџи Калфа, Евлија Челебија и други. Евлија Челебија во 1666 споменува дека во градот имало 1000 куќи и 200 дуќани. Во своето патување низ Прилеп во 1807 година, францускиот конзул Анри Пуквиљ забележал дека градот имал 1000 - 1100 куќи и дека водел трговија со жито, волна и добиток. Според него, Прилепскиот панаѓур бил еден од најголемите и траел 25 дена. Во средината на 19 век во Прилеп доаѓа до брз развој на занаетчиството и трговијата.

Со стопанскиот развој се зголемувал и бројот на жителите. Економското зајакнување на градот поволно се одразило врз културниот развој и овозможило напредок на учебникарството. Во 1843 година во Прилеп било отворено првото народно училиште „Св. Кирил и Методиј“. Најголем придонес за развој на просветната дејност имале македонските преродбеници, кои биле учители во Прилеп: Димитар Миладинов, Јордан Хаџи Костантинов - Џинот, Рајко Жинзифов, Григор Прличев, Кузман Шапкарев, Јосиф Ковачев и други.

Carsija
Panagur
Prvonarodnouciliste
Pazar
Dimitarmiladinov
Dzinot
Grigorprlicev
Kovacev
Rajkozinsifov
Sapkarev
Tutun

Марко Цепенков (1829 - 1920) е познат преродбеник од Прилеп, собирач на народни поговорки, гатанки, песни, приказни, верувања, обичаи, басни, соништа и сл. од прилепскиот крај. Неговото дело е печатено во повеќе томови. Во 1865 година во Прилеп било отворено и Првото женско училиште кое од 1880 година било сместено во новоизградена зграда во дворот на црквата „Св. Благовештение“. Во 1867 година во градот работело читалиште со библиотека, забавиште за мали деца и неделно училиште за возрасни, а во 1874 година била отворена, еден вид, учителска школа.

Во 1879 година бил организиран црковен хор раководен од Атанас Бадев (1860 -1908), ученик на Николај Римски Корсаков и автор на композицијата „Златоустова литургија“. Во 1887/8 година прикажана е првата театарска претстава во салонот на женското училиште. Во борбите за национално ослободување на Македонија во втората половина на XIX век, градот Прилеп одиграл значајна улога. Во прилепско во тој период дејствувале неколку чети предводени од Спиро Црне, Диме Чакре, Коне Павлов и други. Во големата Илинденска епопеја прилепскиот крај претставува значаен револуционерен центар. Најистакнати револуционерни дејци од Прилеп биле Ѓорче Петров (1864-1921), Пере Тошев (1865-1912), Петре Ацев (1877 - 1939), Никола Каранџулов (1876-1904) и други.

Badev
Ilindenskovostanie
Prvozenskouciliste
Markocepenkov
Petrov
Karandzulov

Во 1903 година на врвот Маргара кај село Чаниште во Мариово, се случила една од најголемите битки помеѓу турскиот аскер и здружените чети предводени од Ѓорче Петров. Поради близината на Солунскиот фронт, крајот на Првата светска војна (1914 - 1918 ) Прилеп го дочекал ограбен и економски исцрпен. По нејзиното завршување градот влегува во рамките на Кралството СХС, подоцна наречено Кралство Југославија. Новата држава не ги исполнила очекувањата на населението. Од друга страна ширењето на идеите на големата Октомвриска социјалистичка револуција во Русија довеле во 1919 година во Прилеп да се формира Комунистичка партија, што ќе услови во градот да се пројави жива револуционерна активност меѓу двете светски војни. Прилеп под фашистичка окупација потпаднал во април 1941 година. На 8 април таа година во градот влегла германската фашистичка војска, а на 26 април влегла бугарска војска.

Уште од првите денови на окупацијата се појавил општонароден организиран отпор и Првиот партизански одред. Како разултат на тоа, со првиот истрел на 11 октомври 1941 година при нападот на Участaкот отпочнало востанието на македонскиот народ за ослободување. Во текот на НОВ од Прилеп и прилепско загинале 650 борци, а 15 се прогласени за Народни херои и 154 носители на „Партизанска споменица 1941“. За се она што градот Прилеп го направил за време на НОВ, го добива орденот ,,Народен херој”. Градот под Марковите Кули, со својата местоположба во плодната Пелагониска рамнина, богатите планини со шуми и руди, сообраќајните крстосници и умерено-континенална клима, со производство на жито, афион и тутун, и со наоѓалишта на првокласни мермери, антимон, арсен, рубини, лигнит и др. отсекогаш имал големо значење за Република Македонија. Денес Прилеп е модерен административен, економски, општествено политички и културен центар, кој чекори кон европска иднина.

Solunskifront
Kralstvosxs
Spomenica
Moderenprilep1
Moderenprilep3
Moderenprilep

Give your website a premium touchup with these free WordPress themes using responsive design, seo friendly designs www.bigtheme.net/wordpress