Добре дојдовте на страниците на Туристичко - информативниот водич на Прилеп, градот во кој ќе бидете срдечно пречекани од неговите гостопримливи жители. Тука ќе најдете информации за најзначајните карактеристики и знаменитости за повеќевековното потоење на Прилеп.

<<  Февруари 2018  >>
 Понеделник  Вторник  Среда  Четврток  Петок  Сабота  Недела 
     1  2  3  4
  5  6  7  8  91011
12131415161718
19202122232425
262728    

algasan

ГАСТРОНОМИЈА

ШИРДЕН

ШИРДЕН
Ширденот е надалеку познат прилепски специјалитет со јагнешко, телешко и свинско месо. Ширдените во прилепските ресторани се подготвуваат на специјален начин. Трите видови на месо се сечат на ситни коцки и се запржуваат со кромид и зачини. Наполнетите ширдени се редат во земјена тава и се печат додека не поруменат. Овај специјалитет се служи исклучиво топло и тазе. Гости од сите краишта доаѓаат да го пробаат прилепскиот ширден.

ТАВЧЕ ГРАВЧЕ

ТАВЧЕ ГРАВЧЕ
Традиционалнo јадење и се подготвува на посебен начин. Се печи во земјена тава во рерна, а специјален вкус му дава сувата црвена пиперка. Ваквото посно јадење често се наоѓа на менито на секоја домашна трпеза.

СВЕТИНИКОЛСКИ САРМИ

СВЕТИНИКОЛСКИ САРМИ
Светиниколски сарми, ситни, колку едно нокте, се традиционално јадење, кое во Прилеп се подготвува за верскиот празник Свети Никола. Прилепските сармички се прават од листови кисела зелка, домашна зимница, во кои се става претходно подготвена смеса од ориз, масло и црвен пипер и се завиткува во сармичка. Сармичката е со многу мали димензии, околу 1см. и е вкусна и прстите да си ги изедеш. За домашна слава прилепската жена прави околу 500 сармички. Овие сармички се причина за градот Прилеп да го добие признанието на Гинис. Во 2008, вредните раце на прилепските жени - волонтери подготвија 80.000 сарми, за секој жител по една.

ТУРЛИТАВА

ТУРЛИТАВА
Турли тава, популарно македонско јадење, омилено за во лето, со извонредно добар вкус. Подготовката не е лесна, но вреди! Исецкано месо, телешко и свинско и свеж зеленчук, кромид, домат, компир, црн домат, бамија... се динста во масло и вода и зачини. Потоа се става во рерна и се пече. Кога е готово има златно - црвена боја.

ПРИЛЕПСКА СКАРА

ПРИЛЕПСКА СКАРА
Прилепската скара е позната во Македонија. Старите мајстори ја знаат тајната за вкусно и сочно. Кој пробал скара во Прилеп, ја знае разликата!

БИЕНО СИРЕЊЕ

БИЕНО СИРЕЊЕ
Биено сирење – мариовско, со жолтеникава боја и префинетост е најубавото и највкусно сирење кое сте го пробале. Начинот на правење и специфичниот вкус го прави да биде единствено.

АЈВАР

АЈВАР
Највкусниот етно специјалитет и најголемата тајна на македонската кујна. Се прави од црвени пиперки, печени, лупени, мелени, па пржени со масло во големи тенџериња. Се пакува во тегли и служи како додаток на сите видови јадења. Тегла ајвар со биено сирење – нема промаршување.