Дервенска Тура / Плоштад Александрија / Прилеп
На Планинскиот настан Дервенска тура ќе бидат опфатени:
- Планинска 41 км. 1000м (Хард-Кор) велосипедиска тура.
***Старт 10:00 ч. (Плоштад Александрија)
- Планинска 30 км. 456m ( лесна ) велосипедска тура
***Старт 10:00ч.(Плоштад Александрија)
- Планинско трчање
***Старт 09:00 ч. (Вештачко езеро)
- Планинарска тура
***Старт 09:00 ч.(Манастир Св.Ѓорѓија)
Турите минуваат низ живописниот предел на превојот Дервен на планината Бабуна од која има извонреден поглед кон Прилеп, неговата околина и кон планините Мукос и Селечка.
-Со топло чајче ќе бидат почестени сите учесници кај Домот Дервен (1115 м.н.в.)
-Врвот Белото (1400 м.н.в) е највисоката точка на турата.
-Планинарско гравче ќе се послужи во с.Ореовец.
Организаторот ќе обезбеди ручек за оние учесници кој ќе се пријават најкасно до 19.05.2016 на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на тел. 075 439 741
*** ВАЖНО ( ЗА ВЕЛОСИПЕДИСТИТЕ)
Хард-кор тура е тешка за подобро спремни велосипедисти,попатно има кал,исто и каменест дел и се турка на неколку места
- Потребно е технички исправен велосипед
- Носењето КАЦИГА е ЗАДОЛЖИТЕЛНО...
***ЗА СИТЕ УЧЕСНИЦИ
- Учеството е бесплатно (за треил 50 ден.)
- Секој учесник на старт потпишува Потврда за учество
- Секој учествува на сопствена одговорност и сам одговара за своите постапки
- Малолетни можи да учествуваат со согласност од родител-старател.
-Велосипедска (Хард-кор) патека.
Старт 10:00 ч. Плоштад Александрија
https://www.strava.com/activities/571733815
-Велосипедска (лесна) патека.
Старт 10:00 ч. Плоштад Александрија
https://www.strava.com/activities/579983810
- ТРЕИЛ ПАТЕКА
Во склоп на Дервенската тура ќе се одржи и планинско трчање со должина од 23km, а стартот е предвиден во 08:30 часот.
-07:45-08:00 - Собирање на учесниците пред плоштад Александрија ( пред Реклами)
-08:00 - Tргнување со организиран превоз заедно со групата за планинарење ( цената на превозот ќе биде објавена накнадно во зависност од пријавените).
08:15-Пристигнување во близинана Прилепското езеро каде е стартот на трката.
-08:30- Старт на трката.
-11:00 - Пристигнување на првите натпреварувачи во с. Оревоец каде е финишот на трката.
-13:00- Прогласување на најдобрите
- Заеднички ручек планинарско гравче за сите учесници.
Детали за трката:
Со цел настанот да биде поинтересен трката ќе има натпреварувачки карактер.
- Учеството за планинската трка е 50 денари, а секој учесник покрај стартниот број ќе добие и диплома за учество.
- Секој учесник на старт потпишува Потврда за учество
- Секој учествува на сопствена одговорност и сам одговара за своите постапки
- Малолетни лица можи да учествуваат само со согласност од родител-старател.
-Категории Машка и Женска, ана најдобрите тројца во машка и женска конкуренција ќе им бидат доделени посебни признанија.
Контролна точка и освежителна станица ќе има една на 8 км. кај Домот Дервен (1115 м.н.в.) попатно има уште неколку чешми со чиста планинска вода.
Вкупната должина на патеката е 23 km со временски лимит од 5h. Патеката може да ја погледнете на следниот линк.
https://www.strava.com/routes/4795756
Пријавување за планинската трка најкасно до19.05.2016 тел.072/308-945 или на фб. профилот Božidar Krim Čaušoski
- ПЛАНИНАРСКА ПАТЕКА
Ман. св. Ѓорѓија с.Присад > пл. Дом Дервен > Борула > Белото > Крстец - Оревоец.
*Програма:
-07:45-08:00 - Собирање на учесниците пред плоштад Александрија ( пред Реклами)
-08:00 - Tргнување со организиран превоз ( цената на превозот ќе биде објавена накнадно во зависност од пријавените ).
08:30 - Пристигнување во ман. св. Ѓорѓија - Присад.
09:00 - Старт на маршот, прва точка пл. Дом Дервен , обезбеден чај од организаторот, втора точка над чешма Студеница, трета точка Белото, четврта точка Крстец, крај на маршот с. Оревоец каде што е обезбеден ручек од организаторот.
Пријавување за планинарската патека најкасно до 19.05.2016
тел. 075/609-821 или на фб. профилот Бојан Станимировиќ