СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ
САКРАЛНИ ОБЈЕКТИ
Црквата „Св. Кирил и Методиј“ почната е со градба во 1926 година. Најголемиот дел е завршен во 1936, а централната купола е завршена во 2005 година. Изградена е во кругот на малото црквиче и поради тоа е наречена Параклис. Во долниот дел на црквата во подрумот во посебни коскарници се сместени коските на паднати борци од Балканските и Првата Светска војна.