Добре дојдовте на страниците на Туристичко - информативниот водич на Прилеп, градот во кој ќе бидете срдечно пречекани од неговите гостопримливи жители. Тука ќе најдете информации за најзначајните карактеристики и знаменитости за повеќевековното потоење на Прилеп.

<<  Јуни 2023  >>
 Понеделник  Вторник  Среда  Четврток  Петок  Сабота  Недела 
     1  2  3  4
  5  6  7  8  91011
12131415161718
19202122232425
2627282930  

algasan

СВ. БЛАГОВЕШТЕНИЕ

САКРАЛНИ ОБЈЕКТИ

stara crkva

Еден од бројните споменици на културата од периодот на преродбата во првата половина на 19 век е црквата „Св. Благовештение“, позната како Стара црква во Прилеп. Изградена од познатите прилепски мајстори Коста Лауцо и Ристе Тасламиче во 1938 година, претставува трикорабна базилика со три полукружни апсиди на источната страна. Над јужниот и северниот брод се изградени галерии, а над западниот портал исто така е изградена галерија која претставува простор за црковниот хор. Најголема вредност во ентериерот е резбата. За таа цел повикани се најдобрите и најпрочуени копаничари од дебарскиот крај, тајфата на Петре Филипоски - Гарката. Изграден е монументален иконостас, владички престол и амвон (певница), кои претставуваат врвни дела од културното богатство на Македонија.

1
2
3
4
5
Stara Crkva