Добре дојдовте на страниците на Туристичко - информативниот водич на Прилеп, градот во кој ќе бидете срдечно пречекани од неговите гостопримливи жители. Тука ќе најдете информации за најзначајните карактеристики и знаменитости за повеќевековното потоење на Прилеп.

<<  Септември 2020  >>
 Понеделник  Вторник  Среда  Четврток  Петок  Сабота  Недела 
   1  2  3  4  5  6
  7  8  910111213
14151617181920
21222324252627
282930    

algasan

ЧАРШИ ЏАМИЈА

САКРАЛНИ ОБЈЕКТИ

carsi dzamija

Во центарот на Прилеп во една урбанистичка целина со Саат кулата, во комплексот на Старата чаршија се наоѓа Чарши џамија. Изградена за време на владеењето на султанот Мехмед Втори Освојувач, односно за време на Брусанскиот стил, претставува наједноставна форма на џамија од тој период. Градена е во неколку фази. За првата фаза се дознава од сочуваниот автентичен натпис со арапско писмо на турски јазик, кој меѓу другото кажува дека џамијата е изградена 1475 година. И минарето денешниот изглед го добило во неколку фази на градба. Со постамент на полигонална основа, висина од 25 метри, украсено со два шерефети, минарето на Чарши џамија е редок пример на исламската архитектура во Македонија.

1
2
3