Добре дојдовте на страниците на Туристичко - информативниот водич на Прилеп, градот во кој ќе бидете срдечно пречекани од неговите гостопримливи жители. Тука ќе најдете информации за најзначајните карактеристики и знаменитости за повеќевековното потоење на Прилеп.

<<  Јуни 2023  >>
 Понеделник  Вторник  Среда  Четврток  Петок  Сабота  Недела 
     1  2  3  4
  5  6  7  8  91011
12131415161718
19202122232425
2627282930  

algasan

СААТ КУЛА

ГРАДСКА АРХИТЕКТУРА

saat kula banerСаат кулата е изградена во центарот на Старата чаршија во 1858 година на местото на постара дрвена Саат кула, којашто изгорела во пожар што ја зафатил целата Стара чаршија во 1854 година. Ја изградил познатиот прилепски мајстор Петре Лауцо со неговата тајфа. Градена е на шестоаголна основа со масивни делкани камени блокови во  висина од 20,5 м и скелетен систем од дрвена конструкција. Вкупната висина на објектот е 38,76 м. Интересен податок за Саат кулата во Прилеп е тоа што таа има инклинација од 114, 4 см. поради што е во тек изготвување на студија за конструктивна консолидација на нејзиниот надземен дел.

 

 

1
2
3
4
5
6