Спорт и рекреација

Ако се определите за динамичен одмор, во Прилеп и во неговата околина можете да најдете бројни спортски комплекси, терени за колективни спортови, како и прекрасни услови за алтернативен туризам и планинарење.

Мариово 2012 (Настан во планински велосипедизам МТБ )

Настанот ќе биде изведен на 26 и 27 Мај. Целта е да се престојува што е можно подолго во природа. Да го запознаеме Мариово од друг аспект. Секој што ќе биде во можност и има желба за кампување, ќе може да дојде до селото Манастир на 26ти, Сабота. Таму ќе биде поставен кам...п за преноќување. Секој за себе ќе си носи камперска опрема. Алкохол и други стимуланси ќе си носите сами. Саботата е ден за слободни активности и можност за посета на некои од околните села. На пример, Влатче сака да се вози до Витолиште и околината, и секој што сака ќе може да му се придружи.
А за оние што само сакаат да ја извозат турата, ќе си дојдат на 27ми Мај, Недела, и ќе се подготват за почетокот на стартот во 10 часот за големата тура, и во 11 часот за малата тура. ЗНАЧИ ВОЗЕЊЕТО Е САМО ВО НЕДЕЛА.
А неделата ќе се возат две тури: првата и подолга тура покрива 47 километри и поминува низ селата Манастир, Бешиште, Градешница, Старавина, Зовиќ и завршува во Манастир. Старт 10 часот.
Втората тура почнува од село Манастир до село Витолиште и назад во Манастир. Вкупно 22 километри. Старт 11 часот.

Настанот ќе биде изведен на 26 и 27 Мај.  Целта е да се престојува што е можно подолго во природа. Да го запознаеме Мариово од друг аспект. Секој што ќе биде во можност и има желба за кампување, ќе може да дојде до селото Манастир на 26ти, Сабота. Таму ќе биде поставен кам...п за преноќување. Секој за себе ќе си носи камперска опрема. Алкохол и други стимуланси ќе си носите сами. Саботата е ден за слободни активности и можност за посета на некои од околните села.

Читај повеќе: Мариово 2012 (Настан во планински велосипедизам МТБ )

 

“Македонија Болдеринг Фестивал”

003Во периодот од 29 октомври до 06 ноември 2011г. на локалитетот Камена баба (кај вештачкото езеро),  се одржа натпревар во болдеринг , “МАКЕДОНИЈА БОЛДЕРИНГ ФЕСТИВАЛ”.

На натпреварот учествуваа натпеварувачи од: Македонија, Словенија, БиХ, Аргентина и Австрија.

Болдеринг е стил на качување на карпи без јаже.

Читај повеќе: “Македонија Болдеринг Фестивал”

 

"Максам-Фајт"-во чест на 3 Ноември

По повод 3 Ноември денот на ослободувањето на град Прилеп , центарот за боречки вештини и спортски активности "Максам-Фајт" организира спортски натпревар во боречки вештини во дисциплините кик бокс , граплинг и мешани боречки вештини во машка и женска конкуренција.

Учествуваат 12 клубови од 8 градови : Прилеп , Битола , Кавадарци , Велес , Скопје , Охрид  , Тетово , Струмица со 30 натпреварувачи  , судии , тренери.

Читај повеќе: "Максам-Фајт"-во чест на 3 Ноември

   

Планинска тура -ЕРД

ЕРД планинарско друштво организира планинарска тура на 19.06.2011 во недела со тргнување во 06 часот од пред ЦК.Марко Цепенков.Организирана е посета на манастирите Водача и Вејлуса Струмичко, и водопадите Гобровски,Колешовски и Смоларски.Цена 400,оо МКД со комбе.Телефон за контакт 075/794-113.
 

Сите на велосипед 2011

248937_132254280185448_113766508700892_222651_8027692_nПо шести пат во Прилеп се одржа спортско рекреативната манифестација "Сите на Велосипед".Манифестацијата свечено беше отворена од Холанската амбасадорка Simone Filippini и градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески.Учество на настанот зазедоа ученици од повеќе основни и средни училишта,како и група на граѓани.

Читај повеќе: Сите на велосипед 2011

   

Страница 1 од 3

Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption
Image Caption