Basic files
Основни податоци
Општина Прилеп
Општина Прилеп се наоѓа во централниот дел од јужното подрачје на Република Македонија. Го зафаќа Прилепското поле кое го сочинува северниот дел од најголемата котлина во Македонија, Пелагонија. Градот Прилеп се наоѓа на надморска височина од 620-650 метри, а на ридестите падини и до 680 метри. Во општина Прилеп, живеат 76.768 жители од кои 73.351 во градот. Најголемиот дел од жителите на општина Прилеп односно 70.878 се Македонци, а покрај нив има уште и 4.433 Роми,172 Срби,917 Турци,22 Албанци,17 Власи, 86 Бошњаци како и 243 жители кои им припаѓаат на други националности.
Во историските извори Прилеп за прв пат се споменува во 1014 година.Територијата на градот и неговата околина претставувале едно од најважните стратешко-политички и воени подрачја на овој дел од Балканот.Во пелагонискиот дел се наоѓале мошне важни крстосници на патишта од правецот на Егејското и Јадранското море.Важните антички магистрали Виа Игнација и Виа Милитарис својата најприродна врска ја имале преку Прилеп. Исто така преку Прилеп врвел и најкусиот трговско-каравански пат по кој од правецот на Јадранското море венецијанските и дубровничките трговци и курири поаѓале кон Солун.Низ вековите,на овој простор се среќавале и се судирале хеленската,римската,византиската и словенската култура.
Најрепрезентативните споменични комплекси од античкиот период се наоѓаат на локалитетите "Бедем" во с. Чепигово, "Безистен" меѓу селата Прилепец и Волково,како и во самиот град. На неколку локалитети се утврдени и остатоци од античките градови Стибера,Алкомена,Керамија и Колобанса.
|
Prilep, Macedonia
|
|||||||
|
|
||||||
|
SSE
|
||||||
| Show more details | |||||||
|
|||||||
















