Прилеп Инфо
Мариово 2012 (Настан во планински велосипедизам МТБ )
Настанот ќе биде изведен на 26 и 27 Мај. Целта е да се престојува што е можно подолго во природа. Да го запознаеме Мариово од друг аспект. Секој што ќе биде во можност и има желба за кампување, ќе може да дојде до селото Манастир на 26ти, Сабота. Таму ќе биде поставен кам...п за преноќување. Секој за себе ќе си носи камперска опрема. Алкохол и други стимуланси ќе си носите сами. Саботата е ден за слободни активности и можност за посета на некои од околните села. На пример, Влатче сака да се вози до Витолиште и околината, и секој што сака ќе може да му се придружи.
А за оние што само сакаат да ја извозат турата, ќе си дојдат на 27ми Мај, Недела, и ќе се подготват за почетокот на стартот во 10 часот за големата тура, и во 11 часот за малата тура. ЗНАЧИ ВОЗЕЊЕТО Е САМО ВО НЕДЕЛА.
А неделата ќе се возат две тури: првата и подолга тура покрива 47 километри и поминува низ селата Манастир, Бешиште, Градешница, Старавина, Зовиќ и завршува во Манастир. Старт 10 часот.
Втората тура почнува од село Манастир до село Витолиште и назад во Манастир. Вкупно 22 километри. Старт 11 часот.
Настанот ќе биде изведен на 26 и 27 Мај. Целта е да се престојува што е можно подолго во природа. Да го запознаеме Мариово од друг аспект. Секој што ќе биде во можност и има желба за кампување, ќе може да дојде до селото Манастир на 26ти, Сабота. Таму ќе биде поставен кам...п за преноќување. Секој за себе ќе си носи камперска опрема. Алкохол и други стимуланси ќе си носите сами. Саботата е ден за слободни активности и можност за посета на некои од околните села.
Read more: Мариово 2012 (Настан во планински велосипедизам МТБ )
Наградени маски на меѓународниот карневал „ПРОЧКА“ 2012
Наградените маски на меѓународниот карневал" Прочка " 2012 се :
I. НАЈ МАСКА
ДЕМОНИ – Танц студио „Зодијак“
II. ДЕТСКА МАСКА
1. ДИЗНИ ПАРТИ ВО ПРИЛЕП (ОУ „Климент Охридски“)
2. ДВА СВЕТА (ОУ „Круме Волнароски“ –Тополчани)
Read more: Наградени маски на меѓународниот карневал „ПРОЧКА“ 2012
Меѓународен карневал прочка 2012
Меѓународен карневал „ Прочка“ 2012Општина Прилеп и здружението „Прилепски Мечкари“ по дванаесетти пат го организираат Меѓународниот карневал „Прочка 2012“. Во недела на 26 февруари на централното градско дефиле ќе настапат 2000 учесници во околу 150 групни и поединечни маски од земјава и од соседните држави, а најавено е присуството делегати од повеќе европски земји, меѓу кои и на претседателот на Европската федерација на карневалски градови FECC, Хенри Ван Дер Крон. Креативните и симболични маски на учесниците се вистинско богатство и го претставуваат културниот идентитет на прилепчани на локално, државно и меѓународно ниво. На градскиот плоштад карневалот ќе го проследат повеќе од 5000 гледачи.
ПРОГРАМА ЗА ПРОЧКА 2012:
Изложба на Богдан Грабулоски Бонач

Во Петок на 17.02.2012 во 19.00 часот ќе бидат изложени дела на Богдан Грабулоски Бонач во галеријата на НУЦК "Марко Цепенков " . Изложените дела ќе бидат достапни за посетителите до Петок 09.03.2012 . .
Клуб "Mirage"
Следејќи го процесот на трансформација на културните институции во кафеански простор и имајќи ја во предвид потребата од дополнување на просторот за културни настани во Прилеп , club Mirage започнува со работа како културен центар.
Club Mirage стартува со следната програма :
More Articles...
Page 1 of 13

Login Form
|
Prilep, Macedonia
|
|||||||
|
|
||||||
|
SSE
|
||||||
| Show more details | |||||||
|
|||||||
















