PRILEP - THE HEART OF ADVENTURE
Форумот за авангардна креативност заедно со Сојузот на училишен спорт и учениците од СОУ Ѓорче Петров и Гимназија Мирче Ацев реализираа аутдор активност во соработка со клубовите СКК Златоврв и Скај рајдерс, која вклучуваше пешачење на групата од околу 200 ученици до локалитетот Камена Баба, кадешто се проследи практична настава за параглајдинг опрема, слеклајн, болдеринг и алпинизам.
Сите учесници во настанот имаа можност да се информираат за атрактивните локации за болдеринг, пешачки и планинарски патеки, места од каде што можи да се полетува со параглајдер, мотокрос патеки и останати услови и да остварат контакт со релевантни луѓе, а воедно имаа можност да ја видат потребната опрема за секој конкретен спорт, како и практично да пробаат.
Исто така сите овие атрактивни локации, кои ги нуди Прилеп и околината ќе изгубат од својата вредност доколку не се грижиме за нивната беспрекорно еколошка чиста средина и не ги едуцираме младите лица како за одржувањето на чистата животна средина како највисок приоритет.