<<  November 2017  >>
 Monday  Tuesday  Wednesday  Thursday  Friday  Saturday  Sunday 
    1  2  3  4  5
  6  7  8  9101112
13141516171819
20212223242526
27282930   

algasan

Нашиот сограѓанин Д-р Марјан Темовски на меѓународен тренинг курс во Кина

Во периодот од 13 до 27 ноември 2016 во Гуилин, Кина, се одржа 8-от Меѓународен тренинг курс „Интегрирана контрола на карпестото опустинување,јаглеродниот циклус и акумулација во карстниот систем (Integrated Control on Rocky Desertification, Carbon Cycle and Sink in the Karst System)“ во организација на Меѓународниот истражувачки центар за карст под покровителство на УНЕСКО (UNESCO International Research Center on Karst), спонзориран од Геолошкиот завод на Кина, Институтот за карстна геологија при Кинеската академија на геолошки науки и Канцеларијата на УНЕСКО во Пекинг.

На тренинг курсот учествуваа 34 учесници, од кои половина беа од Кина, а останатите 17 учесници од 12 земји и тоа: Бразил (2), Индонезија, Иран, Македонија, Малави, Мексико, Монголија, Мјанмар, Србија, Словенија (2), Тајланд (4) и Зимбабве.

Како претставник од Македонија учествуваше д-р Марјан Темовски, карстолог и спелеолог, кој моментално работи во Лабораторијата за истражување на животната средина на Институтот за нуклеарни проучувања при Унгарската академија на науки во Дебрецен, Унгарија. Неговите моментални истражувања се насочени кон проучување на процесите на постанок на пештерите, како и проучување на пештерските украси со цел утврдување на палеоклиматските услови, преку проучување на хипогените термални пештери во Мариово и пештерските украси на Галичица. Воедно е еден од основачите и претседател на Спелеолошкиот клуб „Златоврв“ – Прилеп.

Предавањата опфаќаа повеќе аспекти на карстниот систем, од карстна геологија, хидрогеологија, геохемија, екологија до аспекти на искористување, деградација и управување со карстните ресурси, со посебен фокус на циклусот на јаглеродот во карстниот систем и процесите на опустинување на карстните терени преку обесшумување и губење на почвениот слој и можности за нивна реставрација.

Последните денови од курсот беа наменети за проверка на учесниците, при што секој учесник ги презентираше карактеристиките на карстот во земјата од која доаѓа со посебен аспект на темата на курсот, а резултатите беа дискутирани од комисијата за проверка. На крајот на учесниците им беа доделени сертификати за успешно завршен курс, а признанија за посебно истакнати учесници им беа доделени на седум учесници: Марјан Темовски (Македонија), Јуре Тичар и Лени Озис (Словенија), Вељко Мариновиќ (Србија), Кимија Аџајеби (Иран), Рафаел Камарго (Бразил) и Пипит Виџајанти (Индонезија).

Иако досега не е посебно проучувано, карпестото опустинување и обесшумувањето на карстните терени е честа појава во Македонија, на која во иднина треба да и се посвети поголемо внимание, особено од акспект на управувањето со карстните ресурси, како на пример подземните карстни води, кои иако далеку од целосно искористени, учествуваат со околу 40% од водоснабдувањето во Македонија. 

15235373 10154866661568530 7178197628474155935 O
15235586 10154866580918530 378016199249829150 O
15235605 10154866575078530 3601912966489680478 O
15235666 10154866572703530 6603224497809485111 O
15235820 10154866581823530 3189293936029639554 O
15235888 10154866579573530 8365110628051144757 O
15250963 10154866573508530 2465218110336037002 O
15252552 10154866575233530 4601305724895995374 O
15259226 10154866576643530 1533075642911264769 O
15259388 10154866564938530 3578806469321001635 O
15259536 10154866576028530 2403434121803757468 O
15259773 10154866574623530 6073947497473226401 O
15271928 10154866580988530 2619097406257473472 O
15272060 10154866586493530 4237571191453083104 O
15272108 10154866565243530 6245225957184120851 O
15272228 10154866573358530 1981417267471209382 O
15288650 10154866573748530 481053185498572798 O
15288656 10154866575898530 4800444346098109575 O
15288695 10154866572763530 481751349572716895 O
15289215 10154866579173530 4329589217182113214 O
15289297 10154866580158530 6118155762221698768 O
15289307 10154866699638530 7936611102430041598 O
15304170 10154866699438530 6612924097569659077 O
15304344 10154866565788530 8307137523635942979 O
15304423 10154866565403530 8539299429747061124 O
15304552 10154866581583530 8067605777277521043 O
15304557 10154866573703530 8181138485534829214 O
15325284 10154866699238530 1737412551982310755 O
15325351 10154866566308530 20256994535896493 O
15326043 10154866661498530 3379047274616081911 O
15326087 10154866565663530 5955768793222840596 O
15326126 10154866580348530 4337557166488121876 O
15326145 10154866574023530 7581288052671201404 O
15326280 10154866581953530 8859589365774017308 O

Give your website a premium touchup with these free WordPress themes using responsive design, seo friendly designs www.bigtheme.net/wordpress